
Со бина поставена во средината на салата, синоќа Спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје беше центар на вистинско музичко уживање. Повеќе од пет илјади обожаватели се собраа да го проследат долгоочекуваниот концерт на црногорскиот кантавтор Владо Георгиев, кој со својот настап ги оправда сите очекувања.

Георгиев понуди специфична двочасовна музичка приказна која ги надмина рамките на класичниот концертен настап. Обожавателите на неговата музика имаа можност да уживаат во нова комбинација на боемскиот сензибилитет и на музичката елеганција во која се милува шепотењето на рапаво-нежниот глас на пејачот.

Владо на клавир изведе некои од своите големи хитови придружуван од танчерки кои го надополнија впечатокот кај публиката и потврди дека навистина одамна немал ваков концерт во Скопје, како што рече и самиот.

Македонски



