Skip to main content

Секогаш е добро време за Панакота од јагоди

Со својата свиленкаста текстура, панакотата претставува еден од најелегантните десерти на медитеранската кујна. Во оваа варијанта, нејзината нежност е надополнета со свежината на јагодите.

Потребни состојки:

  • 500 мл слатка павлака
  • 80 грама шеќер
  • 1 ванилин шеќер (или екстракт од ванила)
  • 10 грама желатин (во прав или листови)
  • 200 грама свежи јагоди
  • 2 лажици шеќер (за јагодите)
  • 1 лажица сок од лимон


Начин на подготовка:

Желатинот потопете го во ладна вода и оставете го да набабри според упатството. Во тенџере загрејте ја слатката павлака заедно со шеќерот и ванилата, но внимавајте да не зоврие. Тргнете од оган и додадете го исцедениот желатин, мешајќи додека целосно не се раствори. Смесата распоредете ја во чаши или калапи и оставете ја во фрижидер најмалку 4 часа, додека се стегне. Во меѓувреме, јагодите изблендирајте ги со шеќерот и сокот од лимон додека добиете мазен сос. Пред сервирање, прелијте ја панакотата со сосот од јагоди и украсете по желба со свежи јагоди и листови нане.
Овој десерт е совршен избор за лесен, но впечатлив завршеток на секој оброк.

Поврзани вести