Skip to main content

Илегални ботокси и филери биле користени при естетски зафати, меѓу уапсените има и доктори, акцијата уште трае

Илегалните ботокси и филери биле користени при естетски зафати, информираат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашната акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во МВР, при што беа уапсени десетина лица, меѓу кои и доктори.

Во рамки на постапка за организиран илегален увоз и дистрибуција на медицински средства користени при естетски зафати, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР се уште спроведува координирана акција при што се вршат интензивни претреси на повеќе локации низ државата.

Акцијата е резултат на постоење на основи на сомневање за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма и Примање поткуп, информираа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Оттаму додаваат дека акцијата се проширува и претресите траат се уште.

До овој момент се обезбедени повеќе лица, но поради обемот и сериозноста на случајот, акцијата се проширува со нови претреси и приведување на други инволвирани лица, информираат од Обвинителството.

Поврзани вести