
Во најновиот извештај на германскиот Федерален завод за статистика се наведува дека неколку години по завршувањето на пандемијата Ковид-19 една четвртина од вработените сè уште делумно или целосно работат дома.
Пред пандемијата 13 отсто од вработените делумно работеле од дома.
Најголем процент на вработени кои работата од далечина се во ИТ секторот, а најмалку се во угостителството и градежништвото. Исто така е забележано дека колку што е поголема фирмата поголем процент од вработените работат од дома.
Германија со 25 проценти од вработените кои повремено или целосно работат од дома е над просекот на Европска Унија од 23 отсто.
Во Холандија дури 52 проценти од вработените работат од дома, во Шведска – 42 отсто, додека во Романија и во Бугарија нивниот процент изнесува четири.
По поскапувањето на енергенсите во Германија сè почесто се споменува работењето од далечина, како една од мерките за заштеда на гориво

Македонски


