
Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка, водителка и уредничка во Македонската радио и телевизија почина денеска, соопшти семејството.
Алтипармакова целиот свој работен век брзо и динамично, со голема концетрација и јасна цел го поминуваше работниот ден во дневно-информативната редакција. Секоја информација внимателно обработена, за да стигне точна и на време до гледачот.
Многу работи се променија, но она што секогаш останува исто – тоа е врвулицата во дневно-информативната, еве и сега сме сведоци на таква врвулица која трае целиот мој работен век, кој што го поминав овде во македонската телевизија. Кога било полесно или потешко… Не може да се направи токму таков рез, секое време си носи свое бреме, секое време си има свои леснотии и свои тешкотии, она што се промени најмногу, тоа е технологијата“, кажа Лилјана Алтипармакова по повод јубилејот од 50 години МТВ.
Погребот ќе се одржи утре (22.04.), во периодот од 11:30 до 12:30 часот, во капелата на Градските гробишта Бутел.

Македонски


