Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Во очајна потрага по добра вест Филипче слави победа на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, во СДС крах систем

Фејсбук профил на СДСМ

На последните парламентарни избори во 2024 година, СДС освои 18 пратеници што е најнизок резултат во историјата на партијата. На локалните избори минатата година, партијата се сведе на 130 илјади гласови. Ако трендот продолжи со ист интензитет, следните избори може да ја донесат бројката под 100 илјади. Катастрофата веќе се случува кај СДС. А Филипче слави, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на СДС одлучи да прослави победа на политичка партија на избори во друга земја како дa е негова лична победа. Партијата која победи таму е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ. Она што Филипче избра да не го спомене е дека сестринската партија на СДС на истите тие избори доживеа дебакл.

Дали има некој во СДС капацитет да го сфати сериозно падот на довербата во партијата?

Постои реален свет, и наспроти тоа постои Филипче како Алиса во земјата на чудата.

Не е ова прв пат да не се во контакт со реалноста, Филипче веќе имаше слична изведба по локалните избори во земјава минатата година, катастрофален пораз прикажан со речник на некоj кој штотуку победил.

Оттука, јавноста има право да знае, колку ќе трае епизодата на СДС и колку долго ќе ја одржуваат оваа конструкција комплетно спротивна на реалноста.

До кога СДС ќе продолжи да се однесува како да не ја разбира сопствената политичка позиција и кога конечно планира да ја прифати реалноста дека е опозиција во Македонија?

Наместо СДС да се насочат кон темите дома и да ги размислат причините за нивните резултати, тие слават туѓи изборни процеси кои немаат никаква врска со нив.

Немаат намера да дадат одговори на клучни прашања, немаат намера за самокорекција, а очигледно немаат намера ни да се консолидираат.

Поврзани вести