Skip to main content

Македонската амбасада во Франција домаќин на промоцијата и литературното читање на „Hotel Paris“ од францускиот композитор и автор Теодор Еристави

Фејсбук профил на македонската амбасада во Франција

Во рамките на проектот „Пролет на културата – Амбасада, пријател на културите“, Амбасадата во Париз беше домаќин на промоцијата и литературното читање на книгата „Hotel Paris“ од францускиот композитор и автор Теодор Еристави.

Промотор на делото беше македонската режисерка Теона Митевска Стругар, а настанот се одржа во присуство на дипломатскиот кор и бројни претставници од културниот и општествениот живот во Париз.

Вечерта беше заокружена со концерт на Еристави, во придружба на триото Оренда – придружни вокали на Stromae.

Во своето обраќање, амбасадорот проф. Игор Николов ја истакна мисијата на Амбасадата да ги отвора своите врати за уметници од целиот свет, создавајќи простор за дијалог, размена и креативна соработка со македонските автори.

Фејсбук профил на Македонската амбасада во Фрацнија / Д-р Игор Николов, македонски амбасадор во Париз

Беше нагласено дека културата има моќ да ги надмине границите и да ги поврзе луѓето – особено значајно во денешниот геополитички контекст.

Воедно, Амбададорот го најави и формирањето на “Клубот на пријатели”на Амбасадата, како нова платформа за продлабочување на културната соработка меѓу 🇫🇷 и 🇲🇰.

Поврзани вести