
Во прилепскиот тетатар „Војдан Чернодрински“ денеска почнаа пробите за новата претстават, комедијата „Девојките на Марко“ од Оливера Николва, а во режија на Синиша Евтимов.
Следејќи го пулсот на публиката и нејзината потреба за ведрина и смеа, театарот континуирано го гради својот репертоар во дијалог со гледачите. Комедијата, како жанр кој публиката особено го препознава и го сака, претставува важен дел од таа врска — и воедно наша обврска. Со овој проект ја продолжуваме таа линија, со цел да понудиме современа, комуникативна и блиска театарска приказна, велат од прилепскиот театар.

Македонски


