
Поранешна вработена во американската воена база Форт Браг, Американката Кортни Вилијамс, се соочува со затворска казна до 40 години и парична казна од најмалку 15.000 долари за пренесување класифицирани информации за единицата „Делта“ на новинар.
Според обвинението, помеѓу 2022 и 2025 година, таа на социјалните мрежи ширела и му пренесувала на новинарот Сет Харп од „Политико“ тајни информации, тактиките на единицата, вистинските идентитети на вработените и детали за тајните операции што подоцна биле користени во статии и книга.
Вилијамс работела како цивилен службеник во гореспоменатата единица неколку години.
Таа била директно именувана како извор во статија и книга од истражувачкиот новинар Сет Харп, кој пишувал за методите на работа на тајната специјална единица, и дека, врз основа на нејзините информации, тој зборувал за вознемирување и кршење на правата во рамките на единицата.


Македонски


