
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA на која била потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија за евроинтегративниот пат на земјава.
Во разговорот, министерот Муцунски упатил искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори.
-Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно понатамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката, економската и трговската соработка, се вели во соопштението од МНР.
Воедно, размениле мислења за евроинтегративниот пат на нашата држава, при што била потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија. Станало збор и за актуелните геополитички состојби во Европа и пошироко.

Македонски


