
Синоќа во Битола во големата сала на Народниот театар се одржа празничниот концерт „Премин 26“, музички проект на Оливер Јосифовски.
На концертот присуствуваше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
Тоа беше проект кој ја бриши границата меѓу жанровите. Звукот, светлината и тишината се испреплетуваа во искуство што не се слуша само со уши, туку се прима со срце.
Концертот е здружен проект на Културен и информативен центар Битола со НУ Народен театар Битола, НУ Центар за култура, со поддршка на Општина Битола и манифестираше организациски и продукциски капацитети на културните установи во Битола.
Учесници беа: Оливер Јосифовски, Вера Милошевска, Димитар Андоновски, Православен хор Св. Ангел Битолски, Давор Јордановски, Михајло Михајловски, Христијан Јаневски, Андреј Трајковски, Александар Секуловски, Ристо Крстевски.

Македонски


