Skip to main content

Мицкоски: СДСМ живее во „Алиса во земјата на чудата“ или поверојатно „СДСМ во земјата на лагите и конструкциите“

СДСМ изминатиот период најблаго кажано живее според онаа читанката „Алиса во земјата на чудата“, јас повеќе би го класифицирал во „СДСМ во земјата на лагите и конструкциите“, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан МИцкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Илустрација креирана со помош на AI

Во текот на минататаа година, СДСМ велеше дека државата ќе банкротира. Не банкротиравме, напротив ја завршивме со еден од најдобрите 5 економски резултати во Европа според раст на БДП. Потоа ја лажеа јавноста дека во април ќе дошле мигранти, еве на средина на парил сме, мигранти јас се уште не видов Македонија. Велеа дека само што не сме банкротирале, а веќе пензионерите и вработените кои што добиваат плата од владата на 1-ви април добија повисока плата и за првпат постигнати се историски договори со синдикатите УПОЗ и САДУ за вработените во државната администрација, изјави Мицкоски.

Могу пати до сега СДСМ кажуваше работи кои што можеби звучеа интересно за ушите на одредена јавност, но во суштина тоа ништо не се случуваше и во суштина немаше апсолутно никаков ефект во рамките на државата, па така очекувам и овој пат. Слободно можат да си бараат, ќе си добијат. Се што можат да им датадт институциите како параметар, рече Мицкоски.

Што се однесува до она што се однесува во телекумуникациите, премиерот истакна дека станува збор за јавна процедура во која што АЕК објавува повик и на тој повик имаат право да се пријават сите оние кои што се заинтересирани да добијат лиценца за мобилен оператор.

Компанијата 4ИГ, која што патем и речено е партнер со германската Раин метал и со СпајсИкс на Илон Маск, уплати веќе 9 милиони евра и се стекна со правото да биде трет мобилен оператор. Вистинското прашање е „зошто во времето на СДСМ и ДУИ“ немаше трет мобилен оператор и зашто во тоа време макелдонските граѓани плаќаа најскапи цени за мобилните услуги, тоа е вистинското прашање. А во ваква транспоарентна постапка можат да си побараат во било кое време во АЕК, сигурен сум дека во една таква транспарентна постапка тие ќе им одговорат. А друг тип на унгарски инвестици како што споменувате, енергетика и слично барем јас не сум запознаен, иако ќе бидат добредојдени, доколку дојдат и доколку бидат согласно стандардите, законите и уставот на Македонија -вели премиерот Христијан Мицкоски.

Извор: МИА

Поврзани вести