
Полициски службеници од Полициското одделение Камењане, синоќа на локалниот пат кон с.Камењане запреле возило управувано од 19 – годишник без дозвола, а по пронаоѓање на куче во багажниот простор повредено во борби со кучиња, бил приведен заедно со двајцата сопатници малолетници.
-На 10.04.2026 во 22:00 часот на локалниот пат кон с.Камењане, полициски службеници од Полициското одделение Камењане запреле патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски таблички, управувано од А.Д.(19) од с.Озормиште, кој не поседувал возачка дозвола. При преглед во багажникот на возилото е пронајдено повредено куче од расата „пит бул“, за кое лицата во возилото изјавиле дека е повредено при борба со кучиња во с.Камењане. Заедно со возачот, лишени се и двајца 17- годишни сопатници од с.Желино, наведуваат од МВР.
Известен е ветеринарен инспектор и се преземаат мерки за соодветно лекување на животното и документирање на случајот, додека тие заедно со возилото се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонски


