Лестер го совлада Квинс Парк Ренџерс со убедливи 6:2 во натпреварот од 3.коло од ФА Купот.
Тимот предводен од Руд Ван Нистелрој на тој начин ја прекина катастрофалната серија на порази, откако ги загуби претходните пет натпревари во Премиер лигата со гол разлика 2:16.
Ова е само втор триумф откако Холанѓанецот пристигна на клупата на „лисиците“, прв по повеќе од еден месец.
Десниот бек Џејмс Џастин го отвори и затвори резултатот на стадионот на Лестер, а домашните погодија и преку Мавидиди, Буонаноте, Варди од пенал и Фаес во судиското надополнување.
Џонатан Варан и Рајан Коли погодија за гостите од Лондон.