
На 8 април, православните верници го слават Соборот на Свети Архангел Гаврил, еден од седумте најмоќни ангели кои стојат најблиску до Божјиот престол.
Иако денот не е означен со „црвено слово“, неговото значење во народните верувања е огромно. Тој е „живата сила“ која учествувала во создавањето на светот и го поразила злото, а утре неговата енергија е најприсутна меѓу нас.
Архангел Гаврил е познат како носител на благи вести. Тој е оној кој му го најавил раѓањето на Свети Јован Крстител на Захарија, тој им се јавил на Јоаким и Ана за да им го најави раѓањето на Богородица, и на крајот, тој ѝ ја соопштил најголемата вест на Марија – дека ќе го роди Спасителот.
Затоа, утре се верува дека секоја добра мисла има двојна моќ да се оствари.
Старите верувања се јасни дека 8 април е најдобриот ден во годината за да започнете нешто ново!
Без разлика дали станува збор за нов деловен потфат, поправка во домот или започнување на нов љубовен однос, се верува дека сè што ќе се започне на денот на Архангел Гаврил ќе биде крунисано со успех и радост.
Архангел Гаврил се смета за заштитник на мајките и на децата. Утре е денот кога жените кои имаат потешкотии да останат трудни треба да му се помолат на архангелот, бидејќи тој е гласникот на новиот живот.
Иако е ден за нови почетоци, постојат нешта кои никако не смеат да се прават утре за да не се „предизвика“ несреќа:
Не треба да се работат тешки работи во поле или во домот. Денот треба да биде посветен на духовен мир.
Нашите стари строго забранувале утре да се шие, плете или везе. Се верува дека „со иглата се боде ангелот“, што може да донесе болест во домот.
Секој конфликт на овој ден привлекува негативни сили од кои тешко може да се ослободите. Затоа, бидете во мир со сите.
За да се заштитите од неволји и болести во текот на целата година, утре изговорете ги овие зборови:
„Свети Архангеле Гавриле, кој ѝ донесе неискажана радост од небото на Пречистата Дева, исполни го со радост и веселба и моето срце.
Архангеле Божји, сочувај ме од сите неволји и сите болести, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.“

Македонски


