Skip to main content

Смилковски: Мора да имаме одговор на нивната агресивност во играта

Фото: МИА

Македонскиот претставник во АБА 2 лигата ТФТ утре го игра првиот натпревар од полуфиналето од плејофот против Сутјеска на гости во Никшиќ. ТФТ со победа во мајсторката успеа во претходната рунда да го елиминира тимот на Златибор и на тој начин ги продолжи натпреварите во регионалното натпреварување.

–  Не очекува тежок натпревар против Сутјеска, екипа која според самата организациска структура, квалитет и игра покажува амбиции за пласман во АБА 1 лигата. Имаат квалитетен и широк ростер, со искусни играчи и тренер. Мора да бидеме на високо ниво во обидот да одговориме на нивната агресивност во играта со многу контакти во текот на целиот натпревар. Влегуваме растоварени од резултатскиот императив и ќе го дадеме нашиот максимум во обидот да продолжиме да ја пишуваме клупската историја, изјави тренерот на ТФТ Боро Смилковски.

Натпреварот Сутјеска – ТФТ се игра утре со почеток во 18 часот, додека во второто полуфинале играат Широки и Хелиос Домжале.