Skip to main content

Три гола за три бода за Силекс во Кавадарци

Фудбалерите на Силекс постигнаа гостинска победа од 3:0 против Тиквеш во Кавадарци, додека во Куманово Башкими и Брера одиграа без голови 0:0 во првите два дуела од 26.коло од Првата фудбалска лига. Силекс поведе во 17.минута со голот на Пиреш, а во финишот на првиот дел на 2:0 зголеми Алиќ. Конечните 3:0 за кратовчани ги постави резервистот Велиновски во финишот на натпреварот. Со трите бодови Силекс се зацврсти на четвртото место на табелата со 46 бодови.

Во Куманово Башкими и Брера одиграа нерешено и така двете екипи освоија по еден бод. Башкими на тој начин се изедначи со Тиквеш со по 37 бодови и се на делба на петтото и шестото место, додека Брера е на седмата позиција со 32 бода.

Утре се играат два дуела Работнички – Шкендија со почеток во 15:30 часот и во терминот од 20 часот играат Пелистер – Вардар.

Колото ќе биде комплетирано во четврток со натпреварите: Македонија ЃП – Арсими и Шкупи – Струга. 

Поврзани вести