
Магнезиумот е еден од најчесто препорачуваните додатоци во исхраната, особено кога станува збор за подобар сон, помалку грчеви и чувство на смиреност. Но иако често се доживува како нешто што може да се зема без многу размислување, експертите предупредуваат дека суплементацијата со магнезиум не е добра идеја за секого, особено не без претходна консултација со лекар.
Најбезбедно е прво да се провери дали навистина постои потреба од суплемент, каков облик е соодветен и дали тој воопшто е безбеден во комбинација со постојната здравствена состојба и терапија.
Најголем ризик, постои кај луѓе со заболувања на бубрезите. Посебна претпазливост се советува и кај лица со срцеви заболувања, бидејќи неконтролираниот внес на магнезиум може да влијае врз срцевиот ритам и рамнотежата на електролитите.
Се предупредуваат на ризици и луѓе со дијабетес, бидејќи магнезиумот може да го засили дејството на одредени лекови за намалување на шеќерот во крвта и да доведе до хипогликемија. Дополнително, кај лица со воспалителни болести на цревата, како Кронова болест или улцеративен колитис, одредени форми на магнезиум можат да ја влошат дијарејата, надуеноста и болките во стомакот.
Проблемот не е само во здравствените состојби, туку и во интеракциите со други терапии. Магнезиумот може да ја намали апсорпцијата на одредени антибиотици, да влијае на лекови за остеопороза и да влезе во сложен однос со диуретици. Затоа особено внимание се препорачува кај трудници, постари лица и пациенти што веќе земаат повеќе различни лекови.

Македонски


