Skip to main content

Германија подготвува план за санкции кон САД во случај на нова „економска војна“ на ЕУ со Трамп

Германија изготвува стратегија којашто ЕУ би можела да ја употреби во евентуален економски конфликт против САД, објавува „Блумберг“.

Според изданието, Германија идентификува ранливи точки во американската економија што ЕУ би можела да ги таргетира. Целта е да се постигне консензус меѓу земјите од ЕУ за тоа како би можеле да ја искористат својата моќ ако и кога ќе бидат вовлечени во уште еден конфликт со Белата куќа, забележува „Блумберг“.

Можни ранливости на САД што би можеле да бидат таргетирани:

– Ограничување на пристапот на САД до пазарот на ЕУ од 450 милиони богати потрошувачи

– Забрана за снабдување со опрема за центри за податоци, како и суровини и опрема за производство на полупроводници

– Ограничувања за снабдување со машински алати, фармацевтски производи и хемиски производи

– Ограничувања за инвестиции на ЕУ во САД

– Почеток на распродажба на американски средства

Со обединување зад ваквиот план, Европејците би можеле да му покажат на Трамп дека се подготвени да возвратат. Доколку Европа убедливо покаже дека тактиките на малтретирање не функционираат, ова со текот на времето ќе ги ослаби оние сили во Америка што го поддржуваат Трамп“, вели Тобијас Герке, член на Европскиот совет.

Сепак, оваа иницијатива носи значителни ризици. Високите функционери низ ЕУ целосно разбираат колку би станале ранливи нивните компании ако конфронтацијата со САД излезе од контрола, нагласува „Блумберг“.

Поврзани вести