Skip to main content

Почна реализација на два значајни проекти во Општина Маврово и Ростуше

Со почетокот на градежната сезона, Општина Маврово и Ростуше почнува со интензивни теренски градежни активности за реализација на проекти од посебно значење за жителите. 

Еден од нив е  изградбата на нов резервоар за вода за пиење во село Ростуше, проект кој е од витално значење за долгорочно и стабилно решавање на водоснабдувањето за жителите на ова населено место. 

Вториот, е санација и рехабилитација на спортската сала „Македонија“, што опфаќа темелна обнова на спортскиот објект со цел создавање современи услови за спорт и рекреација на младите и сите граѓани во општината. 

Посветени сме на постојано подобрување на локалната инфраструктура. Овие проекти се директен одговор на потребите на нашите сограѓани и чекор напред кон посовремена и пофункционална општина“, рече градоначалникот Онер Јакупоски. 

Како што велат од општината, по повеќе од осум години  целосна негрижа, врз спортската сала „Македонија“, која беше центар на спортски, културни и други настани, ќе биде извршена  санација и рехабилитација, по што ќе биде повторно ставена во функција на спортистите и младите и сите жители. 

Вкупната вредност за реализација на овој зафат е обезбедена преку заедничко партнерство и тоа 4.126.315 денари од Владата преку министерството за спорт и 1.155.365 денари од општинскиот буџет.

Поврзани вести