Skip to main content

Со посредство на Пакистан регионалните сили разговарале со Иран за деблокирање на Ормутскиот Теснец

По извршени преговори со Иран, а под покровителство и иницијатива од Пакистан, Турција, Египет и Саудиска Арабија доставиле предлози до САД за деблокирање на Ормутскиот Теснец, пишува „Ројтерс“.

Според агенцијата, предложена е структура на такси слична на Суецкиот канал, а Турција, Египет и Саудиска Арабија може да формираат конзорциум за управување со протокот на нафта низ овој воден пат.

Овој предлог веќе е дискутиран со САД и Иран, а главниот командант на пакистанската армија одржувал редовни контакти со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Според „Ројтерс“, не е јасно, ниту официјално познато како ваквите идеи се поддржани во Иран.

Претходно, членот на парламентарниот комитет за национална безбедност на Иран, Алаедин Боруџерди, изјави дека преминувањето низ Ормутскиот Теснец ќе стане платено во согласност со новиот ирански закон, однпсно декаТехеран има намера да наплаќа такса за премин на бродови.

Поврзани вести