Skip to main content

Никола Ѓуричко вечерва со „SHOWBIZ“ во МНТ

ПРИСТИГНА Никола Ѓуричко – ВЕЧЕРВА „SHOWBIZ“ ВО МНТ

Никола Ѓуричко пристигна во Скопје и пред вечерашниот настап го поминува времето во опуштена и насмеана пријателска атмосфера со директорот на МНТ, Никола Кимовски и тимот на театарот.

Вечерва, со неговиот настап почнува роденденската програма на Македонскиот народен театар и публиката ќе има можност да го погледне неговото најново стенд-ап шоу „Showbiz“ – авторски проект исполнет со хумор, лични приказни и искуства од кариерата, од белградската сцена до меѓународните проекти и серијата „Stranger Things“.

Настапот е дел од одбележувањето на 81 година од постоењето на МНТ – година во која театарот ја проширува програмата со значајни меѓународни гостувања.

Во продолжение на роденденската прослава ќе гостуваат:

На 1 април Словенечкото народно гледалиште СНГ Марибор со претставата „Амадеус“ во режија на Александар Поповски

На 3 април „Безгрешна“ (Immaculata) – монодрама според драматизација и адаптација на Ливија и Томаж Пандур, претстава која е омаж за Томаж Пандур (Словенечкото народно гледалиште СНГ Марибор)

и на 4 април „Другата страна“ во режија на Борис Лијешевиќ (Црногорското народно позориште)

Билетите се достапни онлајн и на билетарницата во МНТ.

Поврзани вести