
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила Водно.
На 1 април претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во рамки на официјалната посета ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Младинските совети при Кабинетите на двајцата претседатели, a претседателот на Црна Гора утре ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Македонски



