Министерот за европски прашања Орхан Муртезани се сретна со амбасадорот на Словачка, Хенрих Маркуш. Како што велат од Министерството за европски прашања, средбата се одржала во духот на заемната соработка и пријателските односи меѓу двете земји, а главна тема на дискусијата бил процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија, при што биле разменети мислења за актуелните предизвици и перспективите на земјата во овој контекст.
Министерот Муртезани ја истакнал посветеноста на Владата во спроведувањето на реформите коишто се од клучно значење за забрзување на интегративниот процес.
Од страна на амбасадорот Маркуш била потенцирана поддршката на Словачка за евроинтегративните аспирации на Македонија, како и интересот за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји.
Амбасадорот, исто така, истакнал дека Словачка има голем потенцијал за развојна соработка и поддршка на земјите во развој и изразил уверување дека постои добар потенцијал за проширување на билатерална соработка во оваа насока.
Бидејќи Македонија е меѓу партнерските региони на Словакејд (SlovakAid, заедно со останатите земји од Западен Балкан, велат од Министерството за европски прашања, ова дава простор за подлабока и проширена соработка на регионално ниво.
На средбата, исто така, биле разгледани можности за засилена соработка во повеќе области од заеднички интерес, со цел понатамошно унапредување на врските меѓу Македонија и Словачка.