
Концерт „Од Пјацола до Барток“ ќе се одржи денеска (26.03.2026) во 19.00 ч. во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола.
На виолина со Јаков Ангелов и класична гитара со Андреј Јандријески. Ќе биде изведувана програма од А. Пјацола, Ф. Крајслер, М. Диего Пујол, Р. Диенс и Б. Барток.
Биографија – Андреј Јандријески
Андреј Јандријески (роден 2002, Скопје) е млад македонски класичен гитарист кој се издвојува со изразен музички сензибилитет, техничка сигурност и уметничка зрелост. Музичкото образование го започнува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а денес ги продолжува своите студии на Факултетот за музика и танц во Келн, каде дипломирал со највисок успех и моментално е на мастер студии.
Добитник е на бројни први награди на државни и меѓународни натпревари, меѓу кои „Tremolo International Guitar Competition“ и „Montenegro International Guitar Competition“. Има реализирано над 60 јавни настапи, вклучувајќи солистички концерти и настапи со оркестар, како солист со Sinfonietta Wuppertal и оркестарот на Musikschule Radevormwald.
Настапувал на значајни сцени и работел со реномирани професори, градејќи се како еден од најперспективните млади гитаристи од Македонија.
Биографија – Јаков Ангелов
Јаков Ангелов (2003) е млад македонски виолинист кој се истакнува со музичка зрелост и изразена артистичност. Своето образование го започнува во ДМБУЦ „Илија Николовски–Луј“, а денес студира на Hochschule für Musik Detmold во Германија.
Добитник е на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари, а настапувал како солист со Македонската филхармонија и други ансамбли. Активен е и како камерен музичар, со настапи на фестивали како „Охридско лето“ и „Скопско лето“, како и соработка со повеќе оркестри во Македонија и Германија.
Во својата досегашна кариера се издвојува и како концерт мајстор, а преку бројни настапи и проекти се профилира како еден од најперспективните млади виолинисти од Македонија.

Македонски



