
МОНОДРАМА: ЖИВОТОТ НЕМА НАСЛОВ
Монодрама со Енџи Николова
27 март (четврток) I 20:00 часот
Видео продукција: ФРЕЈМ | Продукција: АВАНГАРТ | Продуцент: Милена Цветановска | Ликовен уметник: Жаклина Николовска | Режија: Војо Цветановски | Игра: Енџи Николоска | Автор: Кристина Краличин
„Животот нема наслов“ е монодрама што го прикажува моментот во кој една млада писателка, на прагот на промоцијата на својата книга „Големите очекувања“, од возбуда заспива. Во сонот се соочува со сопствениот страв дека книгата не е довршена и во паника тргнува во потрага по последното поглавје, убедена дека без него не може да ја отвори промоцијата. Претставата е современа авторска театарска продукција од областа на драмскиот и невербалниот театар, базирана на оригинален драмски текст на Кристина Краличин. Таа се одликува со силен фокус на актерската игра, музиката и визуелната сценска експресија, кои заедно создаваат интимен и симболичен сценски свет. „Животот нема наслов“ обработува универзална и длабоко лична тема – внатрешната борба на поединецот меѓу љубовта, општествените и личните очекувања, идентитетот и креативната криза, поставувајќи го прашањето дали животот може – и мора – да има јасен наслов и завршница.

Македонски



