
Новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите Драган Даутовски денеска напладне во МАНУ ќе одржи пристапно предавање.
Предавањето на Даутовски е насловено „Топчестата глинена флејта од Македонија – праисториски музички инструмент“.
Пригодна реч по повод пристапувањето на Даутовски во МАНУ ќе одржи академик Влада Урошевиќ.
Во музичкиот дел од настанот ќе настапат Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“ и ученици од насоката за традиционална музика и игра во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“-Скопје.

Македонски



