
Македонската фудбалска репрезентација денес ги завршува подготовките во Скопје за првиот плејоф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство.
Фудбалерот од средниот ред, Решат Рамадани, истакнува дека тимот е целосно фокусиран на предизвикот што следи.
– Свесни сме за значењето на овој натпревар за нас. Ја знаеме вредноста што ја има овој дуел за Македонија и затоа ќе влеземе на теренот подготвени да го дадеме максимумот. Каков и да биде исходот, тоа е составен дел од спортот, а конечниот резултат ќе биде вистински одраз на прикажаното.
Рамадани додава дека атмосферата во тимот е на високо ниво.
– Мотивацијата кај фудбалерите е на максимум. Подготвени сме да го дадеме најдоброто од себе во секоја минута, со висока тактичка дисциплина, а резултатот ќе биде показател за нашиот труд и залагање.
Натпреварот во Копенхаген е закажан за в четврток (26 март) со почеток во 20 часот и 45 минути.

Македонски



