Skip to main content

„Сентиментална вредност“ на Јоаким Триер, кој доби Оскар за најдобар странски филм и „Бумбарово лето“ на Даниел Кушан вечерва во Кинотека

Проекција на два филма ќе се одржи вечерва во Кинотеката во Скопје. Во 18 часот ќе биде прикажан „Бумбаровото лето“ во режија на Даниел Кушан, хрватско-српско-македонска копродукција. Еден блесок од небото и таинствен светилник го претвораат обичното лето во незаборавна авантура што ќе ги промени пријателите засекогаш.

Терминот во 20 часот е за норвешкиот „Сентиментална вредност“ на Јоаким Триер кој доби „Оскар“ за најдобар странски филм. Ова е интимна и емотивна приказна за татко и две ќерки кои повторно се среќаваат по години емоционална дистанца. Преку тивки моменти и недоречени разговори, филмот истражува вина, љубов и потребата од простување. Суптилна и меланхолична медитација за семејните врски.

Викенд програма во Кинотека :

🎬 СЕНТИМЕНТАЛНА ВРЕДНОСТ (Sentimental Value)

Режија: Јоаким Триер

Земја: Норвешка

Година: 2025

Времетраење: 133 минути

📅 Проекции:

Четврток (19 март) во 20:00

Сабота (21 март) во 20:00

🐝 БУМБАРОВОТО ЛЕТО (Bumblebee’s Summer)

📅 Проекција:

Сабота (21 март) во 18:00

Поврзани вести