
Без САД, НАТО е тигар од хартија, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп и им порача на членовите на Алијансата – „кукавици, ќе го запомниме ова“.
Тие не сакаа да ни се придружат во борбата да го спречиме Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Сега кога е извојувана воена победа, со многу мала опасност за нив, тие се жалат на високата цена на нафтата што мора да ја платат, но не сакаат да помогнат во отворањето на Ормутскиот теснец. Толку лесно им е да го направат тоа, со толку мал ризик. КУКАВИЦИ, и ние ќе го запомниме тоа!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Според Трамп, станува збор за едноставен воен маневар за отворање на Ормутскиот Залив, што е единствената причина за високите цени на нафтата.

Македонски


