
Неофицијално, службите за борба против организиран криминал при БЈБ уапсиле актуелен директор на државна институција, фатен при барање и примање мито од ни помалку ни повеќе 50.000 евра.
Дали делувал сам или зад случајот стои поширока мрежа, ќе покаже официјалната истрага и информациите од надлежните институции.
Според неофицијални информации, станува збор за директор на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев.
Оваа акција е дел од определбата да се води битка против корупцијата неселективно и непристрасно, неофицијално брифираат од органите кои ја спроведуваат акцијата.

Македонски


