Skip to main content

„Фолксваген“ затвора 50.000 работни места

tookapic from pixabay

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ укинува 50.000 работни места, објави весникот „Билд“.

Според изданието, падот за 44% на 6,9 милијарди евра, што е остар пад на профитот на „Фолксваген груп“ за 2025 година. Ова е најнискиот резултат од кризата со дизел-горивата во 2016 година, наведува „Билд“.

Главните причини се трошоците од повеќе милијарди евра поврзани со подружницата „Порше“ , американските царини, како и високите трошоци за реорганизација на групацијата.

Производителот на автомобили е принуден да ги намали трошоците. Во врска со ова, 50.000 работни места ќе бидат отпуштени во неговите германски подружници до 2030 година.

Според анализите на Институт за светска економија од Кил, БМВ, „Мерцедес“ и „Фолксваген“ можеби нема да преживеат до 2030 година, а, според „Блумберг“, колапсот на производството на автомобили во Европа е удар врз целата економија на ЕУ.

Поврзани вести