Skip to main content

Клиниката за гастроентерохепатологија доби донација од 30 уметнички дела од реномирани и млади уметници

Клиниката за гастроентерохепатологија доби донација од околу 30 уметнички дела од реномирани и млади уметници кои со својата хуманост и креативност придонесоа за разубавување на болничкиот простор и создавање попријатен и поинспиративен амбиент за пациентите и медицинскиот персонал.

Овој настан претставува значаен пример за општествена одговорност и солидарност, каде уметноста ја добива својата хумана димензија, придонесувајќи кон подобрување на секојдневието во здравствените установи, велат од Клиниката.

Дел од уметниците кои донираа се: Данчо Ордев, Гоце Божурски, Игор Мишев, Томе Мишев, Дејан Иванов Маргуш, Стефан Хаџи-Николов, Боро Арсовски, Марјан Стојаноски, м-р Емилија Тоциновска, д-р Стојче Тоциновски, Горан Боев, Павле Кузманоски, Невзат Кица, Решат Амети, Владимир Темков, Бурхан Ахмети, Здружението за уметност и култура „СИЛИНДАРТ“ од Гостивар, Акиме Насуфи Реџепи, Дренуша Пашоли, Ванеса Ода, Лида Шарафатманд, Владимир Лазоски, Тасим Кадрија, Ардиан Кадрија, Имран Зимери, Џоко Антониев и Дејан Божиновски Коска.

Клиниката на уметниците кои несебично ди донираа своите дела им додели благодарници.

Организаторот на настанот, Сабри Азири, изрази благодарност до сите учесници и поддржувачи, потенцирајќи дека ваквите иницијативи се од особено значење за унапредување на хуманоста и заедништвото во општеството.

Поврзани вести