Skip to main content

Центар за култура – Битола ќе продуцира танц-монолог базиран на изгубено писмо до Кемал Ататурк во режија на Емре Ердем од Турција

Националната установа Центар за култура – Битола ја објави својата годишна програма за 2026 година, одобрена од Министерството за култура и туризам со проекти од национален интерес.

Од областа на фолклорна дејност поддржани се концерт „Од Македонија во туѓина“ во чест на Васка Илиева, 18. Семинар за традиционална музика и игра и 56. издание на Републичкиот фестивал на песни и игри „Илинденски денови“.

Од областа на драмската дејност поддржани се 27. Интернационален фестивал на монодрама и совремниот танц-монолог „Елени“. Се работи за дело базирано врз изгубено писмо до Мустафа Кемал Ататурк кое ќе го режира Емре Ердем од Турција.

Од областа на музичката и музичко-сценската дејност поддржани се 18. Фестивал на музика од светот и концерт „Big Band Edition“.

Од областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн поддржани се: 51. Државна изложба на детски ликовни творби, 12. Детска ликовна работилница „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, фото конкурс и изложба на уметничка фотографија, изложбата „Пресек: Дама со девет камења“ на Иванчо Талевски, „Допри ја традицијата“ на Благој Мицевски и изложба „Првиот чекор на промената“.

Од областа на инвестициско одржување одобрено е набавка на чилер за климатизација и инсталација на греење. А одбиена е набавка на кино проектор за големата сала и видео бим за малата сала.