
Иранската револуционерна гарда се закани дека ќе го таргетира израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Ако овој криминалец кој убива деца е жив, ќе продолжиме да го прогонуваме и да го убиеме“, соопшти гардата, пренесуваат иранските медиуми.
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на 2 март соопшти дека во десеттиот бран е извршен ракетен напад врз комплексот на израелската влада во Тел Авив, односно врз канцеларијата на Нетанјаху, како и врз безбедносни и воени центри во Хаифа и источен Ерусалим.

Македонски

