
Министерот за одбрана Мисајловски истакна дека многу процеси се воделе преку Министерството и Армијата и оти искомуницирал со многу амбасадори и министри за одбрана за активирање на сите достапни капацитети, посочувајќи дека и Министерството за одбрана и Армијата секогаш им помагаат на соседните земји кога е потребно.
Изрази благодарност до Армијата и сите униформирани лица, нарекувајќи ги лекарите херои, подвлекувајќи дека во тие моменти координацијата била клучна за транспортот, логистиката и сместувањето на повредените.
– Сакам да се заблагодарам на Армијата, на секое униформирано лице, на полицијата и на сите лекари – бидејќи тие се хероите. Ние сме политичари, менливи и минливи, но брзата координација од сите нас направи луѓето на терен да работат напорно и да спасуваат човечки животи. Луѓето во белите мантили, докторите, се најголемите херои кои се справуваа со кризата. Сакам да изразам благодарност и до амбасадорите и воените аташеа – вашата поддршка беше неизмерна, рече Мисајловски.
Комуникацијата со амбасадорите, конзулите и воените аташеа овозможила да се обезбедат хеликоптери и авиони за секое дете да биде пренесено во соодветни медицински центри.
– Пред се беа воени медицински центри и најголемиот дел на прелетите се реализираа преку нашата операција… Во такви кризни состојби давате се од себе да се помогне. Треба да се направи систем кој ќе функционира. Овој систем од ЕУ FN е можеби најдоброто решение за да се напрви можност како да се помага за разни видови жаришта и кризи. Но, секогаш, за жал, ќе постојат кризи. И во тој момент нам ни требаат национални ресури како да помагаме и ни треба систем. Систем кој долго време и дали намерно низ годините бил разурнат, кој што системски треба да го градиме сите како институции, за во еден даден момент на кризи да покажеме и ние како дражава дека можеме сами да се справуваме, но и да пружиме помош кон сите соседи, нагласи Мисајловски.

Македонски

