
Руската армија ги протерала припадниците на вооружените сили на Украина од стратешкиот град Гришино, што се наоѓа западно од агломерацијата Покровск и Мирноград, Доњецката област. Сепак, иако информациите што доааѓаат од фронтот за целосно заземање на теритопријата на Гришино, најверојатно е дека руските сили се уште го чистат северозападниот дел од областа од присуство на изолирани групи украински војници.
Гришино е голема населба од урбан тип, која се наоѓа северозападно од Покровск и Мирноград.

Во првите месеци од битката за Покровск оваа населба беше најважната точка за снабдување на вооружените сили на Украина, кон крајот на битката за Покровск се претвори во главна украинска база за обиди за деблокирање на опкружениот украински гарнизон во Мирноград кој беше целосно опколен.
Заземањето на Гришино од страна на руската армија ќе им обезбеди на руските сили силно упориште за понатамошно продирање кон северозапад – кон Василевка и Новоалександровка, со чие освојување, борците на руските вооружени сили ќе добијат можност да се пробијат низ полињата кон градот Добропиља на запад.

Македонски

