
ОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г посен мајонез
2 моркови
2 помали компири
7-8 кисели краставички
5 лажици пченка во зрно од конзерва
160 г туна конзерва во парче
1 лажичка сол
2 лажици пржен сусам
ПОСТАПКА:
Измијте ги и излупете ги морковите и компирите, па ставете ги во вода со лажичка сол да се варат околу половина час.
Сварениот зеленчук исцедете го од водата и оставете го да се излади околу 15 минути.
На дното од садот ставете малку мајонез, а потоа изрендајте го морковот во слој од 1 сантиметар, па премачкајте го со мајонез.
Секој слој мајонез можете да го посипете со малку сусам. Следниот слој е пченка, па повторно мајонез и сусам.
За следниот слој избрав кисели краставички. Ги изрендав на ситно ренде, со рака исцедив малку од водата и ги додадов во салатата. Премачкајте со мајонез и посипете со сусам.
Туната во парче добро исцедете ја од маслото, растурете ја со виљушка, па додајте ја во салатата, натапкајте ја и премачкајте ја со мајонез. Посипете со сусам.
Како последен слој ставете ситно изрендан компир. Изрендајте го директно врз салатата, бидејќи ако го пренесувате од друг сад, ќе ви се испозалепи.
Можете да го израмните малку со виљушка и да го посипете со сусам.

Македонски

