Skip to main content

Познат идентитетот на жената чие тело беше извадено од Вардар, три часа претходно излегла од дома

Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 11 часот од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.

Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И.(50) од Скопје, за која во меѓувреме член нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила, информира МВР.

Увид е извршен и се работи на расчистување на случајот.

Поврзани вести