Skip to main content

Од роман до кино: „Оркански височини“ и границата меѓу литературата и филмот

Следното издание на Книжевниот клуб Утопија ќе се одржи во понеделник, на 16 март со почеток во 19:00 часот, во соработка со 3D Киното на НУ Центар за култура Битола, со еден малку поинаков формат што ги поврзува литературата и филмот. Вечерта започнува со проекција на најновата филмска адаптација на „Оркански височини“ (Wuthering Heights) од 2025 година, инспирирана од култниот роман на Емили Бронте, во режија на Емералд Фенел. Прокецијата е во Голамата сала на Центарот за култура. По проекцијата, програмата продолжува со отворена дебата, посветена на односот меѓу романот и филмската адаптација: како режисерката го чита класичното дело, што се менува кога литературата се претвора во филм и зошто оваа адаптација предизвика толку поделени мислења во јавноста. Љубителите на Бронте имаат совршена можност повторно да се потсетат на ова силно и темно литературно дело, а оние што сè уште не ја прочитале книгата да ја откријат и да се приклучат на разговорот.

Голема сала – Центар за култура Битола

Понеделник, 19:00 часот За членовите на Книжевниот клуб Утопија е обезбедена специјална цена за влезница од 150 денари. Сите љубители на литературата, филмот и добриот разговор се добредојдени.

Поврзани вести