Skip to main content

Ужас во Швајцарија, човек се полил со бензин и се самозапалил во автобус – шестмина мртви

Хорор сцена во градот Керцерс во швајцарскиот кантон Фрајбург – автобус се запали, има шест мртви и пет повредени, објави „Дејли мејл“.

Пожарот избувнал во автобус што превезувал патници околу 18:25 часот вечерва во Керцерс, град на 19 километри западно од главниот град Берн.

Нема официјални информации, но сведоците велат дека било морничаво.

Пожарот го зафатил автобусот, кој е целосно изгорен. Иако сите служби за итни случаи брзо пристигнале на местото на настанот, тие не можеле да ги спасат сите.

Според одредени извори, пожарот започнал кога едно лице се полило со бензин и се запалило во автобусот.

Степенот на изгореници кај повредените засега не е познат.

Неколку лица се повредени, а неколку се мртви“, соопшти полицијата во објава на социјалните мрежи.

„Итни служби моментално се на лице место. Причината сè уште не е позната.“

Полицијата „не сака да коментира“ дали станува збор за тероризам, известуваат локалните медиуми.

Пожарникарите, полицијата и медицинските лица брзо пристигнле на местото на несреќата, а фотографиите покажуваат дека автобусот  е целосно изгорен од пожарот.

Полицијата ги замоли граѓаните да се држат подалеку од областа и да ги следат упатствата на службите за итни случаи.

Швајцарската новинска агенција Keystone-ATS објави дека едно лице е префрлено со хеликоптер од местото на несреќата.

Поврзани вести