Skip to main content

Шест лица повредени во напад со руски дрон во Харков

Фрипик

Руски дрон погоди област во близина на станбена зграда во вториот по големина град во Украина, Харков, при што беа повредени шест лица, скршени прозорци и запалени автомобили, изјави градоначалникот на градот, пренесе МИА.

Игор Терехов рече дека меѓу повредените е и мало дете.

Харков, на 30 км од руската граница, издржа почетна офанзива на руските сили по нивната целосна инвазија во февруари 2022 година и оттогаш е цел на чести руски воздушни напади.

Седум лица беа повредени во уште едно руско гранатирање во југоисточниот град Днепар, изјави регионалниот гувернер Олександр Гања на апликацијата Телеграм.

Тој објави фотографии на интернет на кои се гледаат остатоци на улиците и оштетени фасади на згради.

Поврзани вести