
Иранското Собрание на експерти објави дека ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи е избран за трет лидер на Исламската Република по смртта на врховниот лидер Али Хамнеи.
Ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи е назначен и претставен за трет водач на светиот систем на Исламската Република Иран врз основа на одлучувачкото гласање на почесните претставници на Собранието на експерти на раководството“, соопштија од Собранието на експерти.

Моџтаба Хамнеи е син на досегашниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелски напади на 28 февруари.
Иранските медиуми вчера објавија дека 56-годишниот Моџтаба Хамнеи, бил ранет за време на еден од американските напади, но дека во моментов е добро.

Македонски

