
Koj вели дека големите концерти се резервирани само за пејачите од регионот? Дека македонската публика сака домашни изведувачи доказ е вчерашниот концерт на Влатко Лозановски во „Борис Трајковски“. Полна сала пее македонски хитови.

Лозано има глас, песни, а фановите тоа му го возвраќаат пеејќи заедно со него. Не се само песните, туку настапот беше збогатен со танчерки и неколку гости. Мики Јовановски-Џафер, Александра Јанева и Пере Нокаут.

Јако јако, километри, мандарина, жена ко ти, се само дел од хитовите што Лозано ги отпеја и на кои публиката од различни генерации ги знае на памет. Лозано им го честиташе празникот на сите припаднички на понежниот пол со надеж дека до следниот концерт нема да се чека седум години.




Македонски

