Skip to main content

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Куба е на работ на колапс, оти наскоро ќе падне и затоа бара договор со САД.

Куба ќе падне наскоро, рече Трамп тој во телефонско интервју за американската телевизија „Си Ен Ен“.

Трамп, исто така, кажа дека Хавана сака договор со Вашингтон.

Тие сакаат да постигнат договор, па затоа ќе го испратам [државниот секретар] Марко [Рубио] таму и ќе видиме како тоа ќе функционира. Навистина сме фокусирани на ова во моментов. Имаме многу време, но Куба е подготвена – по 50 години“, истакна Трамп.

Американскиот претседател и претходно има кажано дека Куба е пред колапс. На крајот на јануари, тој изјави дека „Куба е нација која е многу блиску до пропаст“.

Трамп тврдеше дека карипската држава добивала пари и нафта од Венецуела, но по киднапирањето на претседателот на јужноамериканската држава, Николас Мадуро од страна на САД, тоа повеќе не е можно. 

Тој најави и „пријателско преземање“ на Куба. Сепак, досега не се случила ниту анексија ниту колапс на земјата.

Односите меѓу Хавана и Вашингтон се затегнати со децении. Во моментов, карипскиот остров е во најлошата економска криза од револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година. Меѓу другото, има недостиг на гориво, поради децениската американска блокада на островот.

Поврзани вести