
Иран негира дека целосно го затворил на Ормускиот Теснец, витална глобална рута за извоз на сурова нафта, јави ДПА.
Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, на државната телевизија изјави дека Ормускиот Теснец не е блокиран.
Сите бродови имаат дозвола да поминат, освен американските и израелските бродови. Тие немаат работа таму“, рече Шекарчи.
Според американските воени набљудувачи, бродскиот сообраќај во Ормускиот Теснец е намален за околу 90 проценти.
Додека воените капацитети на Иран дозволуваат, земјата ќе продолжи да се обидува да го попречува превозот низ теснецот, оценува Американскиот институт за проучување на војната во својата анализа на ситуацијата на Блискиот Исток.
Теснецот е најважната стратешка точка за светската трговија со енергенси. Тоа е единствената врска помеѓу Персискиот Залив и светските океани.
Главните производители на нафта и природен гас се наоѓаат покрај Персискиот Залив, вклучувајќи ги не само Иран, туку и Саудиска Арабија, Ирак, Кувајт, Катар, Бахреин и ОАЕ, земји каде што има огроно воено присуство и воени бази на американските сили.

Македонски

