
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска одржа клучна средба со првиот човек на СЕЛЕК, Огуз Серкан Акин, на која беше запечатен договорот за уште посилна регионална борба против организираниот криминал. Главниот фокус на разговорите беше ставен на организирањето заеднички истраги и директна размена на информации меѓу полициските служби на Балканот.
„Размената на информации и директната комуникација се клучни за сузбивање на криминалните активности во регионот“, истакна Тошковски. Македонија останува цврсто посветена на користење на сите механизми на СЕЛЕК за да се застане на патот на транснационалните криминални мрежи кои оперираат преку границите.

Македонски

