Skip to main content

По 11 дена блокада: Отворен патот Ќафасан-Елбасан

По 11 дена блокада, патниот правец Ќафасан – Елбасан, делницата Либражд – Прењас, е повторно отворен за сообраќај за сите видови возила.

Според објава на Агенцијата за патишта на социјалните мрежи, и тешките товарни возила ќе можат да се движат по овој пат, но со ограничување до 8,2 тона носивост.

Сообраќајот ќе се одвива преку привремена траса изградена веднаш до претходната постоечка, додека не се заврши алтернативната траса на коритото на реката Шкумбин, интегрирана со железничката пруга, се наведува во соопштението.

Патот ќе функционира со соодветна сигнализација на градилиштето, а привремено ќе остане неасфалтиран додека слоевите не се стабилизираат, по што ќе се изврши конечно асфалтирање.

Ги повикуваме сите учесници во сообраќајот и жителите на подрачјето да ја почитуваат сигнализацијата и инструкциите на сообраќајната полиција, за да се обезбеди безбеден сообраќај, апелираат од агенцијата.

Поради големо свлечиште и оштетувања на споменатата делница, која е дел од Коридорот VIII, во претходниот период товарните возила сообраќаа преку граничниот премин „Блато“ кај Дебар, согласно договор меѓу албанските и македонските институции.

Поврзани вести