Skip to main content

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари во согласност со законското усогласување

Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето-износ во согласност со законското усогласување што се прави во март. Тоа значи дека работниците во април ќе земат зголемена минимална плата за овој износ или поточно 26.046 денари во нето-износ.

Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, направено е зголемување на минималната плата во согласност со законски утврдените критериуми во Законот за минималната плата.

Ова е системско и законско решение, кое предвидува зголемување на минималната плата во согласност со економските движења штитејќи го животниот стандард на работниците и водејќи сметка за економијата на нашата држава – рече Дурмиши на прес-конференција.

Поврзани вести