Леброн Џејмс во декември наполни 41 година и е еден од најдобрите кошаркари во историјата на оваа игра. Тој се уште е прва ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс и е ѕвер на теренот.
Неговите правила се едноставни: избегнува вештачки пијалоци, шеќер и пржена храна. Сака да јаде природни шеќери и сурова храна.
Секако, акцентот е ставен на органската исхрана во текот на целата година и на одржувањето на хидратацијата. Леброн со јавноста сподели и што јаде во текот на денот.
За појадок, менито на Леброн обично вклучува омлет од белка од јајце со чаден лосос, додека за десерт јаде палачинки без глутен со бобинки. За ручек, Леброн претпочита тестенини направени од пченица, лосос и зеленчук.
За вечера, Леброн јаде пилешко, салата од рукола.Кога станува збор за алкохолот, Леброн си дозволува чаша каберне со вечера.